Авокадо тост со јајце

For avocado lovers. Ќе уживаш да го јадеш овој тост со авокадо и јајце речиси исто колку и да го правиш!

Авокадо тостовите, полека се издигаат на пиедестал, тоа секако е со причина. Нутритивни, вкусни и брзи за правење.

 

Јас најчесто ги приготвувам за појадок со јајце (во зависност од времето може да биде и пржено, варено, поширано) за мене и брат ми и ми требаат околу 15тина минути за да бидат готови. 

 

 

Каков леб користев?

Рустикално лепче одбрав за овој тост, потпечено во тава со малку маслиново масло, совршенство. Кај нас стар леб не се фрла тоа е закон, така што секогаш имаме начин како да го искористиме лепчето.

 

Овде ќе ти оставам линк за да направиш совршено поширано јајце, ама доколку те гони времето испржи го јајцето.

 

Авокадото одбрав да го исечам на тенки ленти па потоа да го зачинам, но може заедно со зачините претходно да се испасира со вилушка и да се направи како намаз.

авокадо тост со јајце

For avocado lovers. Ќе уживаш да го јадеш овој тост со авокадо и јајце речиси исто колку и да го правиш!

Време за подготовка: 15 минути

Вкупно време: 15 минути

Aвтор:

Ивана | ФРИ-ПЕК

СОСТОЈКИ

  • 1 парче Рустикален леб
  • 1/2 авокадо
  • Маслиново масло
  • 1 јајце
  • 1 лажица оцет
  • Прстофат сол
  • Чили и крупно мелена пиперка

ПОСТАПКА

  1. Премачкај го парчето леб со маслиново масло од двете страни, и потпечи го во тавче на ниска температура.
  2. Јајцето најдобро е да се скрши во посебен сад, па потоа да се користи.
  3. Едно помало тенџерче се полни со вода и се остава да зоврие водата. Пред да зоврие се додава оцетот.
  4. Откако водата во тенџерчето ќе зоврие, со лажица се прават кружни движења во водата, да се направи вртлог. Во вртлогот се истура јајцето од садот и се остава така да врие некои 3 минути. Ако сакаш да биде потврдо може уште една минута да се вари. 
  5. Исечкај го авокадото на тенки парчиња или пак, можеш да го испасираш заедно со зачините.
  6. Кога се е готово, нареди ги парчињата авокадо на лепчето, и зачини со сол, чили и крупно мелена пиперка, одозгора стави го пошираното јајце.

 

Category
Доручек, Здрави рецепти, Ужина