песто тост со домашно лепче

Секогаш сум за оброци кои лесно и брзо се подготвуваат, а пред се, се здрави!

Ако се мислиш што да јадеш денес, еве ти инспирација, за брз и вкусен оброк. Веќе неколку пати го правам овој тост и сите дома го обожаваат (а, ова не се случува често :D).

 

 

Овој отворен тост е направен со песто сос, моцарела и варено јајце. Претходно, практикував да биде со пржено јајце, но оваа верзија, со варено јајце, многу повеќе ми се допаѓа.

Каков леб користев?

Го користев нашето домашно лепче, направено со кисело тесто, без адитиви. Лепчето беше свежо па така и го користев. Но, секако ти препорачувам доколку дома имаш лепче од неколку дена, слободно да го потпечеш на тостер или во тавче.

pesto3-pmj0xg05hvay3hvddyv5ekmfpnsl2zwwmcx7qh93u8

песто тост со домашно лепче

Секогаш сум за оброци кои лесно и брзо се подготвуваат, а пред сè, се здрави.

Време за подготовка: 15 минути

Вкупно време: 15 минути

Aвтор:

Ивана | ФРИ-ПЕК

СОСТОЈКИ

    • 1 парче Домашен леб
    • 1 лажица песто
    • 2-3 парчиња моцарела
    • 1 варено јајце
    • Сол и црн бибер
    • Чили

 

ПОСТАПКА

  1. Најпрво, свари го јајцете како што сакаш, јас обично го варам 8-10 минути, ниту премногу тврдо ниту премногу меко.
  2. Парчето домашен леб, ако е свеж, можеш веднаш да го премачкаш со песто, во спротивно топло ти препорачувам да го потпечеш на тостер или во тавче.
  3. После пестото се реди моцарелата и вареното јајце сечено на кругови.
  4. Зачини со сол, бибер и чили.
Category
Доручек