потпечено лепче со путер

Потпечено ‘ржано лепче со путер, ореви и мед. Можеш ли да ми кажеш подобра комбинација?!

Се сеќавам кога почнавме да го правиме ова лепче, задолжително секоја вечер се мачкаше со путер и кој сака и мед. Секогаш кажувам ‘ржаниот леб во комбинација со мед се неверојатни, ќе уживаш во секој залак верувај.

Каков леб користев?

 

‘Ржаниот леб е задолжителен за вакви слатки комбинации со путер. Направен со 70% ‘ржано брашно, а остатокот пченично. Поради ваквиот сооднос на брашната има доста густа, компактна структура, но сепак доста нутритивен и здрав.

 

Ова со оревите е ажурирана верзија и е супер за вкусна ужинка.

 

'РЖАНО ЛЕПЧЕ СО МЕД И ОРЕВИ

Потпечено ‘ржано лепче со путер, ореви и мед. Можеш ли да ми кажеш подобра комбинација?!

Време за подготовка: 10 минути

Вкупно време: 10 минути

Aвтор:

Ивана | ФРИ-ПЕК

СОСТОЈКИ

    • 2 парчиња ‘Ржан леб
    • 20 g путер
    • 2 лажички мед
    • 40 g ореви, сечкани

 

ПОСТАПКА

  1. Најпрво, премачкај ги парчињата леб со путер и на тавче потпечи ги, за да бидат крцкави.

  2. Потоа, на едно парче леб се додаваат пола од сечканите оревите и лажичка мед.

  3. Твојата ужинка е подготвена.

Category
Доручек, Здрави рецепти, Ужина