ЛЕПЧЕ СО ЛУК

For garlic lovers. Но, и за оние кои не се толку по лукот. Ќе уживаш да го јадеш ова лепче со лук, пармезан и путер  речиси исто колку и да го правиш!

Ја обожавам оваа верзија на лепче со лук, затоа што има богат вкус и е прекрасна закуска којашто се прави брзо. Путерот заедно со останатите состојки прават неверојатна комбинација.

 

Велам и за другите коишто не обожаваат лукче многу, бидејќи лукот оди на печење прво, во алуминиумска фолија, па потоа се додава со другите состојки. Печењето му овозможува да омекне и плус го ублажува неговиот мирис како и вкус.

 

Јас воопшто не сакав да пробам било каква храна со лук :D. Но, тоа се промени пред година-две кога почнав да ги правам фрипетите во пекарницата. Тие ги правев со зачин – таратур микс, којшто содржи и лук, имаа толку убава арома, што постепено почнав да јадам и храна којашто има лукче. Така што, мора да го пробаш ова лепче.

Каков леб користев?

Овој пат го користев нашиот бел сецкан леб. Најдобро би било да се користи лепче постаро од 2 дена. Затоа што во текот на печењето, како резултат на путерот, парчињата леб си омекнуваат. Па свежо лепче нема баш да биде компатибилно за овој рецепт.

 

За другите состојки

Јас овде користев две помали главички лук, секако можеш да додадеш и повеќе доколку сакаш да имаш поинтензивен вкус на лук. Во спротивно, двете мали главички сосем се доволни, даваат шмек на лук но воопшто не е нападен мирисот. Без гајле, нема да мирисаш на лук :D.

 

За путерот важно е да биде на собна температура, за да лесно и убаво се соедини со сите состојки. Друго, сите рецепти што ги прегледав ставаат чили снегулки, но бидејќи кај нас не успеав да најдам, јас измешав крупно мелена пиперка (тоа сите имаме дома, нели?), со малку чили. 

ЛЕПЧЕ СО ЛУК

For garlic lovers. Но, и за оние кои не се толку по лукот. Ќе уживаш да го јадеш ова лепче со лук, пармезан и путер  речиси исто колку и да го правиш!

Време за подготовка: 50 минути

Вкупно време: 50 минути

Aвтор:

Ивана | ФРИ-ПЕК

СОСТОЈКИ

  • 10-13 парчиња Бел сецкан леб
  • 100 g путер (на собна температура)
  • 50 g пармезан
  • 10 g (2 г. Лажици магдонос)
  • 1 лажица маслиново масло
  • Крупно мелена пиперка + чили
  • Прстофат крупна сол
За Лукот:
  • 2 мали главички лук
  • 1 лажичка маслиново масло
  • Прстофат крупна сол

ПОСТАПКА

  1. Вклучи ја рерната на 200°С. Прво се подготвува лукот. Во алуминиумска фолија се ставаат главичките лук, но одозгора да бидат пресечени (како на сликата погоре). Се додава лажичка маслиново масло и прстофат крупна сол. Затвори ја алуминиумската фолија, стави во плехче и на печење во загреана рерна околу 30 минути.
  2. Откако ќе се испече лукчето. Во сад ги ставаш, путерот, пармезанот, магдоносот, маслиновото масло, крупно мелена пиперка + чили, солта и накрај лукот.
  3. Соедини ги сите состојки со виљушка, треба да биде како намаз, лесно да се размачкува.
  4. Во поголемо плехче, се става хартија за печење. Секое парче леб се премачкува со намазот, можеш повеќе да ставиш или помалку, во зависност како ти е послатко.
  5. Се редат сите паричиња во плехот и одозгора повторно се става пармезан (не мора, тоа е во зависност од вкусот). Вака наредни одат на печење во загреана рерна на 200°С околу 10-12 минути. Да се стопат путерот и пармезанот.
  6. И твојот оброк е готов. Уживај.
Category
Доручек