Едноставна и вкусна Цезар Салата
Цезар салата приготвена на едноставен начин, со домашно направен сос и кубети од леб.
Цезар салата приготвена на едноставен начин, со домашно направен сос и кубети од леб.
Верувам дека ова е една од најпопуларните салати коишто постојат. Состојки кои се достапни кај нас и се прави за некои триесетина минути. Секако секој може да си ја прилагодува според свој вкус, јас секогаш преферирам едноставни комбинации без премногу намирници.
Овде кај нас Цезар салатата најчесто се прави со кубети оние грицките, ретко може да се најде со домашно правени кубети (или помалку познат збор за нив крутони/croutons).
Како да направиш кубети/крутони од леб?
Може да се направат од било каков леб, сè зависи од личните преференции за леб. За овој рецепт јас користев класичен бел леб, стар околу 2 дена. Се сече лебот на парчиња, а потоа парчињата леб се сечат на помали коцки. Во тавче се става масло да се загрее на средна температура (ако не ти се чека многу, може и на висока но внимателно 😁) и се додаваат коцките леб, готови се кога ќе имаат румена боја и се крцкави.
Друг начин на подготовка е да се испечат коцките леб. Во голем сад се ставаат коцките леб, се додава маслото и може да се зачинат, се промешуваат и се редат на хартија за печење во плехче. Се печат на 180˚C, 15-20 минути.
Како се спрема месото?
Стекот се посолува и се остава да отстои преку ноќ, не е задолжително. Стекот се сече на коцки и се става во тава со загреано масло на средна температура. Се додава бибер, по 5 минути се додава бело вино, откако ќе испари виното се додава парче путер се пропржува уште кратко и се трга од оган.
Потребни состојки за Цезар сосот.
Од тоа јас што знам, цезар сосот се подготвува со живи јајца, но бидејќи јас секогаш кога можам ги избегнувам, така и за овој сос. За овој сос се потребни мајонез, сенф, Ворчестер сос, сок од лимон, маслиново масло, лук, рендан пармезан и зачини. Сето тоа се блендира во блендер и сосот е готов.
Цезар салата приготвена на едноставен начин, со домашно направен сос и кубети од леб.
Време за подготовка: 15 минути
Вкупно време: 30 минути
Aвтор:
Ивана | ФРИ-ПЕК
Цезар сос
Пилешки стек
Останати состојки: