20 Мај Добре дојде во нашиот свет!
Најпрво сакам да ти посакам добредојде во нашиот сладок пекарски свет и ти благодарам што не поддржуваш.
Оваа прва наша блог објава сакам да ја искористам и да те запознаам со нашиот бренд и што се ќе можеш да најдеш овде.
ФРИ-ПЕК денес претставува пекарница за производство и големопродажба. Сите наши производи, за сега, се достапни во маркетите низ Виница, Кочани и Штип.
2022 Година ни е 16-ти роденден, толку години веќе создаваме мали задоволства, кои мамат насмевки на секое лице. Идејата на нашите родители за да отворат пекарница била сосема спонтана, но исплатлива. Првичната замисла била да се произведуваат само лиснати печива, готови кори за баклава и пити и да се насочува производството кон замрзнати производи. Произведувањето на кори, всушност никогаш не се случи. Наместо тоа, со текот на времето пекарницата се насочи кон произведување на леб, кифлички и сè останато што имаме денес. А, идејата и желбата за замрзнати пекараски производи сe уште го чека својот момент.
Овој веб-сајт е креиран со цел да биде инспирација за вкусни, здрави рецепти кои го искористуваат секое парче леб. Мојата природа и струка, ме тераат да мислам многу повеќе од само на вкусот на производите. Затоа сакам да го искористам овој блог и овде со тебе да споделиме корисни и важни теми поврзани со пекарството.
Затоа, покрај нашите вкусни лепчиња, печива и рецепти со нашите производи, ќе можеш да прочиташ нешто повеќе за процесот на производство, како одредени суорвини влијаат врз одредени продукти, како месењето лепче дома да го усовршиш и многу други информации поткрепени со научни докази.
До следно читање,
Ивана
Нема Коментари