Ова сме ние

започнавме вака...

НАШАТА ПРИКАЗНА

ТРАЈЧЕ, ОСНОВАЧОТ НА ПЕКАРНИЦА ФРИ-ПЕК

Целата приказна започнува во 2006 година, човек со голема визија, татко ни и неговата најголема поддршка, мајка ни. Визија за квлатитетни пекарски производи. Се сеќавам, првата цел беше во дуќанот да се произведуваат само лиснати пецива. Но, како што одминуваше времето и напредуваше работата започна развивањето на нови производи, коишто производи и ден, денес сè уште ги имаме.

негуваме

Семејни вредности

Семејните вредности и традиции секогаш биле ѕвезда-водилка, за нашиот бизнис уште од самиот почеток. Сите наши производи се адаптирани и инспирирани од наши семејни рецепти. Татко ни внесува толку многу љубов и труд во сите производи, што благодарение на тоа нашата пекарница опстанува. Поради неговата решителност секој производ да биде совршен, по светски стандарди. 

Со љубов, Данилови

Традиција

Ивана и Никола, по стапките на татко ни!  

 

Уште на почеток знаевеме дека нашата иднина и целата наша енергија ќе биде насочена кон пекарницата. Продолжуваме да ги негуваме истите вредности во склоп со новите трендови и иновации. ФРИ-ПЕК претставува совршена средина помеѓу традициите и модерениот свет. Нашите почетоци, визија и мисија се тука секогаш да не потсетат зошто почнавме и како сакаме да се движиме напред, додека ги следиме новите треднови и иновации во нашата област.

Љубов кон печењето

Секое парче има
своја приказна!

лебови дневно
години постоење
вработени
производи

ФРИ-ПЕК НА ИНСТА