Гранола со 'ржан леб
Гранола направена од ‘ржан леб, дали можеш да замислиш колку е само превкусна!
Гранола направена од ‘ржан леб, дали можеш да замислиш колку е само превкусна!
Каков леб користев?
Го користев ‘ржаниот леб, направен со 70% ‘ржано брашно и без адитиви и конзерванси. Ова лепче има многу густа структура и малку потешко се ракува со него за да се направи гранолата. За да ти биде полесен целиот процес, најпрво исечи го на помали коцки, а можеш да ја тргнеш и кората. Користи помоќен блендер, бидејќи послаб, не сум сигурна дека ќе ти заврши работа.
Медот и ‘ржаниот леб се дефинитивно незаменливо дуо. Секако, ако немаш мед моментално, направи ја со друг засладувач, но топло ти препорачувам да ја пробаш и со мед.
Јас најчесто имам навика да ја комбинирам со чиа пудинг како топинг и исто така во комбинација со грчки јогурт, банана и малку мед е превкусно. А, бананата може да се замени и со некое бобичасто овошје.
Гранола направена од ‘ржан леб, со јатки и мед дали можеш да замислиш колку е само превкусна. Во комбинација со бобичасто овшје, јогурт и мед претставува здрав оброк.
Време за подготовка: 45 минути
Вкупно време: 45 минути
Aвтор:
Ивана | ФРИ-ПЕК