Италијански тост
Верувам дека ќе уживаш во овој здрав тост, колку што и јас. Овие неколку состојки имаат толку прекрасен баланс, што ретко кој оставаат рамнодушен.
Верувам дека ќе уживаш во овој здрав тост, колку што и јас. Овие неколку состојки имаат толку прекрасен баланс, што ретко кој оставаат рамнодушен.
Лесно се прави и е готов за 10-15 минути, а овие состојки ни се лесно достапни на сите, така што немаш изговор за да не го пробаш. Задолжително пред да го затвориш тостот со другото парче леб, зачини со оригано. Му дава тотално нова димензија.
Каков леб користев?
Нашето домашно лепче, направено со кисело тесто. Секогаш, кога лепчето го тостирам или потпечувам, користам леб што е постар, најмалку барем 2 дена. Вака успевам да го искористам целиот леб дома, а секако и помалку да фрламе храна.
Еден совет, направи повеќе тостови, за накрај да не останеш без јадење .
Верувам дека ќе уживаш во овој здрав тост, колку што и јас. Овие неколку состојки имаат толку прекрасен баланс, што ретко кој оставаат рамнодушен!
Време за подготовка: 15 минути
Вкупно време: 15 минути
Aвтор:
Ивана | ФРИ-ПЕК