започнавме вака...
НАШАТА ПРИКАЗНА
ТРАЈЧЕ, ОСНОВАЧОТ НА ПЕКАРНИЦА ФРИ-ПЕК
Целата приказна започнува во 2006 година, човек со голема визија, татко ни и неговата најголема поддршка, мајка ни. Визија за квлатитетни пекарски производи. Се сеќавам, првата цел беше во дуќанот да се произведуваат само лиснати пецива. Но, како што одминуваше времето и напредуваше работата започна развивањето на нови производи, коишто производи и ден, денес сè уште ги имаме.